Делови од Керченскиот мост на Крим се урнаа денес по напад извршен од украинската војска, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
– Русија со години градеше мит околу Керченскиот мост. Мостот служеше како симбол дека Крим е ’засекогаш руски‘, но сега дел од конструкцијата лежи во водата, се вели во соопштението објавено на Фејсбук.
Патниот сообраќај е запрен и ниту едно возило не може да помине преку мостот, пренесе „Укринформ“.
