Украинец: Русите пукаа во мене, па ме закопаа жив

Од:

Украинецот Микола е еден од тројцата браќа кои наводно биле принудени да клечат на работ на ископана јама до полето со пченица во северна Украина, откако биле врзани од руски војници.

Според шокантниот извештај објавен од Wall Street Journal, првиот куршум го убил најмладиот брат Јевген, пред вториот да го погоди Димитро, најстариот.

Куршум насочен кон Микола го погодил во близина на десното уво и излегол над десната страна од устата, се вели во извештајот.

Руските војници го турнале Микола во гробот каде што веќе лежел Јевген, пред Микола да почувствува како Димитро паѓа врз него. Брзо сфатил дека некој ги закопува во земја.

„Сфатив дека сум жив“, вели 33-годишната Микола.

Неговиот извештај е еден од илјадниците случаи што украинските обвинители ги градат против руските сили обвинети за извршување воени злосторства, вклучувајќи тортура, силување и егзекуции.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков