Украинците тврдат дека е повреден главниот командант на руската војска

Од:

Валериј Герасимов, врховниот командант на руската армија, наводно бил ранет во Украина.

Веста за наводното ранување ја објави и германскиот Билд, повикувајќи се на украинските медиуми и официјални претставници. Информациите не се потврдени.

Герасимов наводно бил погоден од шрапнел во десната нога. Нема опасност по неговиот живот, се додава. Веста за ранувањето на Герасимов ја објави и поранешниот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков.

Повредите, пишува Билд, се случиле во близина на Изум во саботата.

Во истиот напад на командниот центар на руската армија, според советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, загинале неколку високи руски воени службеници.

Герашченко не пишува за ранувањето на Герасимов, но вели дека се знае дека бил таму.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков