Украинците се нервозни: Америка ќе загуби

Од:

Преговорите меѓу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и Русија без учество на Украина и Европејците само ќе „го отворат апетитот на Владимир Путин“, изјави денеска за AFP неименуван висок украински функционер.

„Тоа само ќе го отвори апетитот на Путин и неговата верба дека тој ќе победи, а Америка ќе загуби“, рече функционерот, кој побара да остане анонимен, по денешната руско-американска средба во Ријад, која се одржа без учество на Киев и Европа.

Официјалниот претставник рече дека тимот на Доналд Трамп ја повторува тактиката на претходните американски претседатели, Барак Обама пред руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и Џозеф Бајден пред целосната инвазија на Русија на Украина пред три години.

„Обама пред 2014 година, како Бајден пред оваа војна, разговараше со Путин за нас без нас, за Европа без Европа, а некој од тимот на Трамп оди во иста насока“, продолжи украинскиот функционер.

„Се чини дека некој од тимот на Трамп или близок до него му претставува нереална слика за Русија“, додаде тој.

Украинските власти се надеваат дека ќе добијат детали за позицијата на САД од специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, кој утре се очекува во Киев во својата прва посета откако Трамп ја презеде функцијата во јануари.

„За нас е важно да слушнеме од Келог што навистина се случува“, рече украинскиот функционер.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран

ВИДЕО: Не прободеа во срце, ќе им вратиме исто – Али Лариџани веројатно новиот ирански лидер

(ВИДЕО) Поделен Иран: Прослави и солзи за убиството на ајатолахот

Катерина Ѓуровски

Убиен е шефот на иранската војска

ВИДЕО: Бројот на жртви во нападот врз училиштето во Иран се искачи на 118