Украина: Убиени 14.000 руски војници, уништени 95 авиони, 115 хеликоптери …

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека речиси 14.400 руски војници и други припадници на армијата се убиени во Украина. Тие објавија и дека уништиле илјадници парчиња руска опрема. Поконкретно, во објавата на Твитер се наведува дека од почетокот на руската инвазија биле уништени 95 руски авиони, 115 хеликоптери и 1.470 оклопни возила и други.

Си-ен-ен истакнува дека не можеле да ја потврдат оваа украинска информација. Тие потсетуваат дека Русија на 2 март објави дека досега биле убиени 468 нејзини членови.

Според информациите од САД и оние на НАТО, бројот на руските жртви е меѓу три и десет илјади.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли