Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

Од:

Украина транспортираше околу 11,36 милиони тони руска нафта преку јужниот крак на нафтоводот Дружба во 2024 година, што значи дека обемот на транзит е намален за 16 отсто во споредба со 2023 година и е најнизок од 2014 година, објави денеска украинскиот весник Екпро.

Испораките на руска нафта во Унгарија беа најголеми, со повеќе од 4,7 милиони тони, што е речиси рамно на годишно ниво, пренесе Тас.

Во Словачка се транспортирани 3,9 милиони тони нафта, што е за 15 отсто помалку од претходната година, а во Чешка за 2,7 милиони тони (35 отсто помалку).

Според проценките на весникот ЕкПро, Украина минатата година добила речиси 10 милијарди гривни (245 милиони евра) за транзит на нафта од Русија.

Просечниот дневен волумен во првата недела од јануари изнесувал околу 34.900 метрички тони, или 14 отсто повеќе отколку во декември, објави украинскиот весник.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ