Украина: Сите нуклеарни централи под украинска контрола се во функција

Од:

Tрите нуклеарни централи во Украина што се под контрола на украинската Влада се повторно во функција и приклучени на главната електрична мрежа, соопшти украинската електродистрибутивна компанија „Укренерго“.

Извршниот директор на „Укренерго“, Володимир Кудрицки вчера изјави дека прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат однапред објавени доколку нема нагло влошување на ситуацијата.

– Сите три нуклеарни централи кои се наоѓаат на неокупираната територија работат и за еден до два дена ќе го достигнат нормалниот планиран капацитет, а се очекува наместо вонредни, да може да се врати режимот на планирани прекини на електрична енергија, соопшти Кудрицки.

Тој изјави дека сега енергетскиот систем е целосно интегриран и дека сите региони се поврзани, како и дека украинската електрична мрежа повторно е поврзана со енергетскиот систем на ЕУ.

Кудрицки ги повика Украинците да штедат струја што е можно повеќе
можно.

Во руските ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура на 23 ноември, енергетската мрежа беше сериозно оштетена, така што дојде до прекин во снабдувањето на нуклеарните и на хидроцентралите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ