Украина: Штетата од војната изнесува околу еден трилион долари

Од:

Штетата и загубите за Украина како резултат на руската агресија во двата месеци од војната веќе изнесуваат околу еден трилион долари, изјави економскиот советник на украинскиот претседател Олег Устенко.

Оваа бројка ја вклучува не само уништената инфраструктура, домови и деловни објекти, туку и загубите што произлегуваат од негативните финансиски и економски процеси за украинскиот бизнис.

– Околу цифрата од еден трилион долари Украина треба да ги насочи своите напори за добивање компензација од Руската Федерација веднаш по завршувањето на војната, рече Устенко.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков