Украина: Русија трупа бродови во Црното Море, тоа може да биде подготовка за нов напад

Од:

Војската на Украина соопшти дека Русија го удвоила бројот на активни бродови во Црното Море и предвидува дека тоа може да биде во подготовка за нови ракетни напади.

Руската морнарица редовно лансира проектили од својата црноморска флота како дел од напорите на Москва да ги таргетира критичната инфраструктура на Украина и постројките за производство на електрична енергија.

„Во Црното Море, флотата на воени бродови е двојно зголемена во споредба со утрово – сега има осум бродови“, соопшти воената команда во јужниот регион во ажурираната објава на Фејсбук.

„Во позадина на непријателската авијациска активност од одреден тип, тоа може да значи дека се подготвува ракетен напад, како и напади со беспилотни летала“, се вели во соопштението.

Еден од пловилата е фрегата вооружена со осум ракети Калибр, се вели во соопштението. Минатата сабота Украина соопшти дека Русија лансирала четири ракети Калибр од Црното Море, од кои две биле соборени.

Руската Црноморска флота се наоѓа на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков