Украина: Ова е соработникот на Путин, поради кој ни ја уништуваат енергетската инфраструктура

Од:

Заменик-началникот на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Киријенко, е „главниот идеолог“ на уништувањето на енергетската инфраструктура на Украина, според Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Киријенко е поранешен шеф на руската државна нуклеарна компанија Росатом и еден од најмоќните функционери на Кремљ.

„Главен идеолог и лобист за уништување на енергетската инфраструктура на Украина е Сергеј Киријенко, првиот заменик шеф на кабинетот на претседателот на Русија, кој е добро упатен во енергетскиот сектор благодарение на неговата работа за Росатом“, рече Данилов.

Тој исто така наведува дека Украина ги знае имињата на Русите кои се одговорни за овие напади и дека сите тие треба да бидат изведени пред лицето на правдата за нивните постапки.

Претходно, Кирило Буданов, шеф на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, изјави дека Киријенко се смета за еден од потенцијалните наследници на рускиот претседател Владимир Путин.

Во нападите е оштетена 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина

Нападите со ракети и беспилотни летала оштетија 40% од енергетската инфраструктура на Украина и веќе накратко оставија големи делови од Киев без струја и вода, што предизвика рационализација на потрошувачката на електрична енергија.

Повикувајќи ги Украинците кои веќе ја напуштиле земјата да останат во странство за зимата, владата ја обвини Русија дека предизвикува нова хуманитарна криза со принудување на уште повеќе луѓе да бегаат, преплашени од можноста да преживеат без струја или греење во текот на зимата.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија