Украина обвинува дека руските сили оставиле смртоносни замки во ослбодените места во регионот на Харков

Од:

Украина денеска објави дека нејзините сили ослободиле неколку градови во близина на Харков, вториот по големина град во Украина.

Харков моментално е под силен напад, а во регионот се водат тешки битки, изјави гувернерот на регионот Харков Олег Синегубов. Харков беше цел на руски напади од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари.

Синегубов предупреди дека руските сили оставиле „смртоносни замки“ во регионот за време на повлекувањето и ги повика жителите да останат во засолништа, односно да не брзаат кон новоослободените области.

„Непријателот е подмолен и прави се за да убие и рани што е можно повеќе украински цивили“, објави Синегубов на Твитер.

„Денес непријателот беше оттурнат уште подалеку од Харков, а окупаторите сега имаат уште помалку можности да пукаат во центарот на регионот“, додаде гувернерот.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски