Украина: Ќе продолжиме да го напаѓаме Крим

Од:

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Украина ќе продолжи со нападите врз Крим, кој сега е под руска окупација, и врз мостот на Крим.

Додека Русија го гаѓаше јужниот пристанишен град Одеса и околниот регион минатата недела, Украина продолжи со нападите во Крим.

„Сите овие цели се официјални цели бидејќи тоа ќе ја намали нивната способност да се борат со нас и ќе помогне да се спасат животи на Украина“, изјави Резников за Си-Ен-Ен.

На новинарско прашање дали Украина има намера трајно да го оневозможи мостот на Крим, Резников одговори дека такво нешто е нормална воена тактика.

„Нормална тактика е да се уништат логистичките линии на вашиот непријател за да се запре можноста за набавка на дополнителна муниција, гориво, храна итн. Така, ние ќе ја користиме таа тактика против нив“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски го разреши министерот за одбрана, Резников

Предраг Петровиќ

Украинскиот министер за одбрана соопшти кога почнува контраофанзивата

Петровска – Резников: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

Резников останува министер за одбрана, Зеленски го замолил да ја задржи функцијата

ВИДЕО: Сменет министерот за одбрана на Украина

Катерина Ѓуровски

Смена на министерот за одбрана најавуваат украинските медиуми