Украина ќе ја прошири евакуацијата на цивили од Харков, Запорожје и Миколаев

Од:

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека ќе има задолжителна евакуација на цивили од делови на Харков, Запорожје и Миколаев.

Вицепремиерката на националната телевизија ги најави плановите за проширување на задолжителната евакуација за цивилите кои живеат на првите линии на војната.

– Приоритет ќе биде евакуацијата на жените со деца и старите лица. Не зборувам за цели региони, но некои делови ќе бараат задолжителна евакуација и се подготвуваме за тоа. Жителите не треба да се спротивставуваат на евакуацијата бидејќи се соочуваат со закана од руска окупација. Ако останат таму ќе настрадаат. Посебно децата. Јас многу добро знам што може да направи непријателот за да ги натера луѓето да соработуваат. Затоа ги повикувам луѓето да се евакуираат и да не се надеваат на милоста на непријателот и дека непријателот ќе го следи меѓународното хуманитарно право, изјави вицепремиерката на Украина.

Украинската влада во јули започна задолжителна кампања за евакуација на луѓето во источниот регион Доњецк, која почна да ја спроведува овој месец. Окрузите и градовите на индустрискиот исток контролирани од Украина се под постојано гранатирање од руски и проруски сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната