Украина испрати порака до Русите кои би биле присилно мобилизирани и испратени на фронтот.
Пораката ја испрати советникот на Володомир Зеленски Михајло Подолjак.
“Присилно регрутираните Руси кои не сакаат да се срамат во странска земја, да се предадат кога ќе се појави првата можност. Украина ви гарантира живот и достоинствен третман. Според Женевската конвенција, нема да бидете екстрадирани во Русија, освен ако не го сакате тоа”, напиша Подолјак.
Русија вчера објави делумна мобилизација, по што дел од Русите кои спаѓаат во категоријата која ќе биде повикана за боиштето во Украина почнаа да ја напуштаат земјата.