Украина и Грузија заедно ќе работат на членството во НАТО и ЕУ

Од:

Претседателите на Украина и Грузија се согласија денеска заедно да работат на спроведување на своите амбиции за членство во НАТО и ЕУ.

– Се согласивме заедно уште поактивно да бараме интеграција на Украина и Грузија во ЕУ и евроатланскиот простор, истакна грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили.

Украинскиот лидер Петро Порошенко нагласи дека постои закана кон независноста и демократијата и додаде дека двете држави ќе ги координираат чекорите кон членство во Унијата и Алијансата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

АБС: Се бара наследник на Зеленски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев