Украина: Едно лице загина, неколку се ранети во напади врз три региони

Од:

Украинските власти утрово известија за жртви и повредени во текот на изминатите 24 часа во регионите Харков, Донецк и Херсон.

Во Харков, гувернерот Олех Синегубов објави дека две жени, на возраст од 73 и 45 години, се повредени во руското гранатирање.

Во регионот Донецк, според гувернерот Вадим Филашкин, шест лица се ранети, а едно лице е убиено.

Во регионот Херсон, гувернерот Олександр Прокудин изјави дека пет цивили се ранети во напади врз „социјалната инфраструктура“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 32 лица се повредени во напади со беспилотни летала врз регионот Лавов

Киев му се закани на Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ

Киев оди на сè или ништо: Зеленски се подготвува да мобилизира до еден милион луѓе

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски