Украина е само делче од планот за играта на Путин

Од:

Фајненшел тајмс – Лондон

Европа мисли дека голем проблем и е Украина. Всушност, проблем и е Русија, или попрецизно: проблемот е Владимир Путин. Војната на Москва против Киев е само фрагмент од поголемата слика. Реваншизмот на рускиот претседател досега подалеку од Украина. Повисоката цел е да се раскине територијалната поставеност на континентот во посткомунистичката доба.

Двоумењето на Европа да и се спротивстави на Русија е лесно објасниво. Економски самоинтереси, историја, културни афинитети и латентниот антиамериканизам натераа многу европејци да го гледаат Пути како надежен лидер наместо како некој кој гледа на падот на Советскиот сојуз како геополитичка катастрофа од 20-иот век.

Постои заводлива приказна за казнување на западот заради хаотичната интервенција на Блискиот исток. Ако барањата на Путин се толку провокативни – исто како и во Грузија така и во Украина тоа може да се преврти во директна агресија – западот треба добро да размисли за последиците. Можеби НАТО навистина ги прекршил ветувањата за неприклучувањето на поранешните советски сателити? Можеби навистина самоволно ги прекрши меѓународните правила кога ја бомбардираше Србија? Исто како и во Ирак, ама за тоа доста е кажано.
Анексијата на Крим и вмарширувањето во украинскиот регион Донбас, треба да ги отстранат сомнежите. Според Ангела Меркел, токму тоа и се случи. Таа не е политичар кој ги избира конфронтациите наместо преговорите, но на германскиот канцелар и беа дадени премногу лаги и прекршени многу ветувања.

Но расправите за ова во Европа не престануваат. Поголемиот дел од тоа се од симпатии кон Москва, како што е случај со владата на Сириза во Грција. Но тие не се осамени. Италијанскиот премиер Матео Ренци дури и го надмина Силвио Берлускони во наклонетоста кон Путин. Виктор Орбан во Унгарија јавно ја крши либералната демократија. Кипар отсекогаш слаткоречиво зборувал за Русија, додека Франција ги смета санкциите кон режимот како погрешни. Затоа никој не треба да биде изненаден од последната руска офанзива: на Кремљ не му останува никаква помоќна провокација за Кремљ освен попуштање. Глумата на путините поплаки – заради „заобиколувањето“ на Русија од страна на НАТО, планот да се понижи Москва, прекршените меѓународни правила – постојано се слушаат. Одвреме навреме се појавува мала вистина во големата лага, но клучната приказна никогаш не надвладува. Западот сака да ја уништи моќта и дигнитетот на Русија. Толку се гласни обвинувањата што последицицте често не се ни земаат предвид. Сите ја чуле заложбата на Путин за враќање на гранците, но всушност малкумина навистина слушаат.

Анексијата на Крим и продорот во источна Украина се од една страна опортунистички. Путин погрешно ги разбрал протестите од Мајдан и не успеа да го прифати падот на поранешниот претседател Виктор Јанукович. Затоа тргна да граба се што може. Онака како што можат војните да бидат експедитивни, тој скова план за игра за да го обнови територијалниот обем на поголем дел од империјата на Советскиот сојуз. Генерал Јури Балујевски, поранешниот шеф на генералштабот на руските вооружени сили, рече дека конфронтацијата со западот е продолжение на Студената војна. Сепак, методите се сега многу пософистицирани. Тој рече дека воените сили „се последната фаза од процесот“. Москва ја усоврши вештината на хибридни војни, вклучувајќи „информацијски и психолошки притисок“. Ако го парафразираме генералот, Путин ќе ги подели и ослаби неговите непријатели пред да примени сила. Или помеко кажано, ова значи наметнување на постојана пропаганда преку вестите со брзиот раст на телевизиската мрежа Раша тудеј, која е контролирана од Кремљ. Потоа постои и финансирање на националистички партии и кај левицата и кај десницата во западните европски престолнини. Националниот фронт на Марине Лепен од Фрација зема руски кредит. Најџел Фараж, лидерот на антемигрантската Партија за независност на Обединетото Кралство, себеси се претставува како фан на рускиот лидер.

Понатаму на целата палета можат да се најдат мита дадени на политичари и бизнис лидери и влогожувања во кревки финансиски институции во југоисточна Европа и на Балканот. Се води безмалку суптилна кампања за дестабилизација на прозападните влади во поранешниот советски простор – последната жртва на тоа е Бугарија – со искористување на нивната зависност од руска енергија. А со тестирање на одбраната на НАТО со руски ловци, кибер напади и киднапирања на Балтикот, па дури и со надлетувања на нуклеарни бомбардери, ќе сфатите за што зборува генералот. Меркел ја препозна опасноста и јавно предупреди за суверзии во Молдова и обидите да се повлече Србија назад во орбитата на Русија. САД работи со Европската комисија за олеснување на дел од ранливите и зависни од енергија влади во југоисточна Европа. Но во западна Европа има раширено спротивставување кое допрва треба да ја открие поголемата слика – да се постави украинската криза во контекст на пошироките цели на Путин.

Путин не е креација на перфидноста на западот. Низ неговата кариера, од службеник до градоначелник на Сенкт Петерсбург и до највисоката позиција во Кремљ, тој е фасцинантно постојан во неговите амбиции и во безмилосноста кои ќе ја примени за да ги оствари своите цели.

А големиот пад на цените на нафтата и ефектите од санкциите го направија уште поопасен: без приходи од нафтата и гасот, неговата поддршка дома сега зависи од неговиот капацитет да го мобилизира националистичкиот гнев против наводните обиди од НАТО и ЕУ да ја „кутнат на колена Мајка Русија“. Опциите на западот се ограничени, но почеток на мудроста е да се сфати дека сето ова нема врска само со Украина.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат