Украина доминантна тема на Конференцијата за безбедност во Минхен

Од:

Во Минхен заврши Меѓународната конференција за безбедност, на кој викеднот учествуваа околу 400 политичари.

Главно прашање на Конфефренцијата беше разрешување на украинската криза. Германија се изјасни против испраќање на оружје за украинските сили во борбата против сепаратистите, поради што беше критикувана, пред се од балтичките држави. Американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека не постојат разлики меѓу САД и Европа во однос на решавањето на укрианската криза и улогата на Русија.

Според аналитичарите ретко се случувало на Конференцијата во Минхен да доминира само една тема – Украина.

Покрај украинската криза на дневен ред беа и иранската нуклеарна програма, борбата против Исламска држава, ситуацијата на Блискиот и Средниот Исток и други теми.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат