Украина бара итен состанок со Русија и земјите-членки на ОБСЕ

Од:

Украина побара итен состанок со Русија и земјите-членки на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

Руската Државна дума денеска изгласа нацрт-резолуција за признавање на самопрогласените Доњецка народна република (ДНР) и Луганска народна република (ЛНР). Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на Русија.

Претходно, шефот на полската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау во Москва изјави дека Организацијата сака да создаде платформа за разговори, со која би се спречиле кризи како тaа во Украина.

– Би сакале да создадеме неформална платформа за отворена политичка дискусија меѓу земјите на ОБСЕ, што ќе овозможи дискусија за механизмите за запирање на кризи како сегашната, истакна Рау.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија