УКИП обезбеди и втор пратеник во британскиот Парламент

Од:

Антиевропската Партија на незавсноста на Обединетото Кралство (УКИП) обезбеди уште едно пратеничко место во британскиот Парламент, откако успеа да победи на вонредните избори во една изборна единица во англиската област Кент.

Кандидатот на УКИП, Марк Реклес освои 42 отсто од гласовите и тој е вториот избран пратеник на најевроскептичната британска партија, која досега немаше ниту едно пратеничко место и важеше за маргинална политичка сила во Велика Британија.

На второ место остана кандидатот на владејачката Конзервативна партија кој доби 35 отсто, а трет е кандидатот за пратеник на лабуристите, кој освои само 17 проценти од гласовите. Либералдемократската партија, која е коалиционен партнер во британската влада, доживеа понижувачки пораз останувајжи дури на петата позиција и освојувајќи само еден отсто од гласовите во оваа изборна единица. За партијата на заменик премиерот Ник Клег гласаа само 349 гласачи, што е досега најлошиот изборен резултат на либералдемократите.

Гласањето во Рочестер и Струд, како и она во изборната единица во Клактон минатиот месец беше организирано затоа што двајца конзервативни пратеници преминаа во УКИП, несогласувајќи со „премногу благата политика“ на Дејвид Камерон и на Конзервативната партија кон ЕУ.

УКИП на Најџел Фараж, која е во подем, победи и на двете гласања, па сега им се заканува на ториевците дека може да им одземе уште пратеници пред редовните избори за британскиот Парламент предвидени за мај 2015 година.

Во првата изјава по гласањето, Фараж рече дека по овие две победи, повеќе ниту едно место на ториевците во Англија не е безбедно. Претставник на конзервативците го минимизираше успехот на УКИП, велејќи дека работите ќе бидат сосема поинакви на парламентарните избори.

Изборната единица Рочестер и Струд е традиционално упориште на конзервативците и нивниот втор едно по друго пораз од УКИП, покажува дека оваа антиевропска партија се појавува на политичката сцена како алтернатива за традиционалните ториевски гласачи.

Испитувањата што се направени покажуваат дека на изборите за помалку од шест месеци, УКИП може да обезбеди дури 20 пратеници, главно за сметка на партијата на Камерон и да ја преземе улогата што сега ја имаат либералдемократите, при создавањето на идната британска влада.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он