Укината забраната за заедничко возење во автобус на Палестинци и Израелци

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Моше Јалон одлучија денеска, истиот ден откако стапи во сила, да ја укинат забраната за возење на Палестинците во исти автобуси со Израелците на Западниот брег.

Претходно беше предвидено палестинските работници при враќање од секојдневната работа во Израел да минуваат преку истите премини на Западниот брег од каде и дошле, но да не се возат во автобусите во кои патуваат Израелци. Израелските медиуми наведуваат дека забраната е укината поради многубројните критики.

Пред укинувањето на забраната лидерот на опозициската Ционистичка унија, Исак Херцог изјави дека одвојувањето на Палестинците и Евреите во јавните автобуси претставува „понижување и дамка за државата и нејзините граѓани“, додавајќи дека тоа ќе поттикне „омраза против Израел ширум светот“.

– Тоа е уште една грешка на премиерот, кој донесе уште една очајна одлука, која нема врска со безбедноста на земјата, нагласи Херцог.

Израелските медиуми пред укинувањето на забраната објавија дека поради новите мерки враќањето на палестинските работници во своите домови може да се продолжи дури за два часа, а организациите за заштита на човековите права најавиле тужби против новите правила на Високиот суд за правда.

Стотици Палестинци секој ден заминуваат на работа во Израел од Западниот Брег, користејќи дозвола за патување секој пат кога ги минуваат премините.

Би можело да ве интересира

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран