Италијанското судство вчера и зададе тежок удар на “Ндрангета, најмоќната мафијашка група во Италија, осудувајќи 70 нејзини членови и помошници, на најголемото судење на мафијата во оваа земја од крајот на 1980-тите.
Судијата Клаудио Париз ги прочита пресудите за 91 обвинет во големиот суд на градот Ламезија Терме, во регионот Калабриоја, на југот од земјата, каде од јануари се водеше “какси процесот”, во кој им се суди на стотици луѓе под сомнение дека работат или соработуваат со групата на органзиран криминал „Ндрангета“
Во судската постапка, што се очекува да трае уште најмалку две години, уште 355 обвинети чекаат судење.
За истрагата беа потребни неколку години и заврши со полициски акции во декември 2019 година.
Деведесет и едно осудено лице се одлучи да имаат забрзано судење, што беше затворено за јавноста, и во кое им се овозможи доколку бидат осудени да добијат намалување на казната за една третина.
Познатиот антимафијашки обвинител Никола Гратери, кој цели 30 години мора да живее под полициска заштита, изјави дека во саботата “се добро мина”.
-Од 91 обвинет осудени се 70, рече италијанскиот обвинител за агенција Адкуронос, додавајќи дека биле пуштени “ситните риби”.
Некои беа осудени на највисоката можна казна од 20 години затвор, што всушност беа побарани од страна на обвинителите.
Меѓу нив се Доменико Макри, член на военото крило група, Пасквале Галоне, десната рака на наводниот шеф на мафијата Манкус, за кого судењето се уште трае, и Грегорио Ниглија кој го набавувал оружјето и се занимавал со изнуди.
Околу една третина од групата е осудена на десет и повеќе години затвор, а 21 лисе е ослободено од обвинение, рече Гратери.
Мафијата “Ндрангета, чие седиште е во Калабрија, најсиромашната италијанска провинција, контролира голем дел од трговијата со кокаин што влегува во Европа.
Оваа мрежа која ја сочинуваат околу 150 семејства кои се борат за позиција во рамките на организацијата, има најмалку 6.000 членови и помошници во Калабрија, а уште илјадници луѓе ја поддржуваат низ целиот свет, оценуваат безбедносни експерти.