Учесниците на меѓународната конференција за Либија повикаа за прекин на огнот

Од:

Учесниците во меѓународната конференција за Либија повикаа за прекин на огнот, со цел да се овозможи подготовка за постигнување спогодба за составување на влада на национално единство, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

– Насилството и конфликтот траат веќе подолг период, рече Кери по завршувањето на конференција во Рим.

Според него повеќето претставници на двете сопернички влади на Либија се подготвени да потпишат спогодба.

Кери нагласи дека групацијата Исламска држава заезема позиции во Либија, а сето тоа претставува закана за светската безбедност.

– Не смееме да дозволиме да се задржи статусквото во Либија. Тоа е опасно за самите Либијци, а сега кога таму свои позиции зазема и ИД, тоа е опасно за целиот свет, додаде тој.

Конференцијата, во која учествуваа 17 држави, беше организирана на иницијатива на Италија со поддршка на САД, со цел да се даде поттик на преговорите со посредство на ОН за составување влада на национално единство.

Учесниците и ветија на Либија поддршка во областите на политиката, економијата и безбедноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски