Ученик од Косово со нож избоде наставничка во Германија, полицијата го застрела напаѓачот

Од:

Во средно стручно училиште во германскиот град Есен, 18-годишен ученик од Косово, денеска со нож нападна наставничка и ја избоде во стомакот.

Жртвата е сериозно повредена и е итно пренесена во Универзитетската болница, каде што се во тек подготовки за итна операција. Сè уште не е познато дали нејзиниот живот е во опасност, објавува „Билд“.

Полицијата огради голема површина околу училиштето и ги повика жителите да се држат подалеку од областа. За брзо време полицијата доби пријава за сомнително лице во паркот кое одговарало на описот на напаѓачот.

Кога полицијата се обиде да го провери осомничениот, тој истрча директно кон полицајците со нож, па е застрелан.

Училиштето се наоѓа во образовен парк во северниот дел на Есен, а во близина има и други образовни институции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Ученик од четврто одделение извади нож во училиште во Центар, известена полицијата

Горан Наумовски