Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Од:

Во Краснојарск, во Русија, ученичка од осмо одделение, вооружена со чекан, подметна пожар во училиште и нападна други ученици, при што има повредени лица, објавија руските медиуми.

Ученичката фрли запалена крпа во училница во училиштето во Краснојарск, а потоа со чекан удри неколку ученици, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува агенцијата РИА Новости.

Пет деца и еден наставник се повредени во нападот, јави извор, пренесува агенцијата ТАСС.

Според истиот извор, тие не се во животна опасност.

Ученичката од осмо одделение чии постапки ја предизвикаа несреќата во училиштето во Краснојарск е приведена и со случајот се занимаваат истражители, соопшти Главната истражна управа на рускиот Истражен комитет, пренесува агенцијата РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче