Убиени сто припадници на племето Саламат во Дарфур

Од:

Припадници на едно арапско племе во суданскиот регион Дарфур соопштија денеска дека убиле сто членови на ривалското племе Саламат.

– Изгубивме 28 наши луѓе и убивме сто од другата страна, рече Ахмед Кири, водач на племето Мисерја.

Според него, загинатите ги загубиле животите при судир меѓу припадници на двете племиња во близина на градот Гарсил во западниот дел на Дарфур.

Според Мировната мисија на ОН и Африканската унија, меѓуплеменските и меѓуетничките судири се главна причини за насилство во Дарфур оваа година, поради што околу 300.000 лица ги напуштија своите домови во првите пет месеци.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска