Убиени осум чувари на американската воена база во Авганистан

Од:

Осум припадници на службата за обебзедување се убиени, а двајца други се ранети при напад врз американска воена база во Авганистан, соопштија доцна синоќа претставници на Армијата на САД.

Според истите извори, вооружени мажи отвориле оган врз припадниците на обебзедувањето, кои оделе на работа во воздухопловната база „Баграм“ во северната авганистанска провинција Парван.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Талибанците во последно време ги зголемија нападите врз авганистанските безбедносни сили, а џихадистичката група Исламска држава се обидува да го засили присуството во земјата.

„Баграм“ е најголема американска воена база во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан