Бунтовници во Белуџистан на југозападот на Пакистан убиле 20 работници, соопштиле локалните власти.
-Вооружени лица доцна синоќа нападнале работнички комплекс во регионот Гок Дон во Белуџистан, при што убиле 20 работници- рекол за „Франс прес“, Трик Киљи од локалната полиција.
Според наводите ниту еден од работниците не е од Белуџистан, па првичните информации велат дека напаѓачите ги убиле откако утврдиле го утврдиле тоа.
Акбар Хусаин Дурани официјално лице од провинцијата изјавил дека и порано бунтовниците ги напаѓале лицата кои не потекнуваат од Белуџистан. Инаку за сега се уште никој не презел одговорност за нападот.
Е.Г.