Началникот на полицијата во либискиот главен град, полковник Мохамед ал Суиси денеска бил убиен од непознати лица.
Извор од либиската полиција изјави дека полковникот бил застрелан во предградие на Триполи. Две лица од обезбедувањето се киднапирани.
Полковникот во минатото го поддржуваше генерал Халифа Хафтар, кој во средината на мај почна операции против терористичките групи во државата.