Убиен еден од организаторите на нападот врз полицијата во Грозни

Од:

Еден од организаторите на бомбашкиот напад, во кој на 5 октомври во чеченскиот главен град Грозни загинаа петмина полицајци, е убиен вчера, соопшти чеченската полиција.

Аслан Алишанов (33) е убиен при обидот на полицијата да го уапси во квартот Старопомисловски во Грозни, јави ИТАР-ТАСС.

Алишанов бил член на илегална милитантна група и се наоѓал на листата на лица по кои се трага, изјави претставник на полицијата.

Петмина полицајци беа убиени на 5 октомври во Грозни, додека се обидувале да приведат маж, за кој се посомневале дека е бомбаш самоубиец. Додека полицајците се обиделе да го претресат мажот, тој активирал експлозив.

Инцидентот се случи пред концертната сала во Грозни, каде требаше да биде одржан концерт по повод Денот на градот.

Нападот го изврши 19-годишниот Опти Мударов, кој во таа прилика загина.

Би можело да ве интересира

Беспилотно летало го погодил рускиот Универзитет за специјални сили Спецназ

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија во Чеченија

A1on

Мистеријата на најблискиот соработник на Кадиров: Украинците тврдат дека Саидов е убиен, Русите го објавија неговото видео

А1он

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Ана Ололовска