Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Од:

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на апликацијата Телеграм објави дека резултатот од специјалната операција за него е „целосно уништување на манифестациите на сатанизмот“.

„Дозволете ми да парафразирам еден познат цитат – да одиме напред и ништо нема да не спречи“, напиша Кадиров.

„Резултатот од специјалната операција за нас е целосно уништување на манифестациите на сатанизмот: Сатана, Бандера, нацисти. Има многу дефиниции за нив, но суштината е секогаш иста. Нивната вистинска суштина е недостатокот на хуманост, морал принципи, ширење на зли духови. Затоа за нас тие се сатанисти. Да ги победиме е наша цел и задача“, напиша Кадиров.

Чеченскиот претседател објави видео на социјалните мрежи од новото оружје и опрема што го добиле припадниците на специјалните сили Ахмат. Станува збор за оклопни возила BORZ, кои се вооружени со митралези.

Би можело да ве интересира

Сменет министерот за одбрана на Украина

Стапува на сила забраната за рускиот дизел

Киев: Русија регрутира жени од казнените колонии

Смена на министерот за одбрана најавуваат украинските медиуми

Украинците не се повлекуваат од Бахмут вели шефот на Вагнер

Поранешен германски фудбалер станал двоен агент, шпиунирал за Русија