Еден од двајцата осомничени за денешниот напад на полицајци во Брисел е убиен, откако бил забележан од полициски хеликоптер во еден двор, објавија белгиските медиуми.
Напаѓачот бил вооружен со автоматска пушта.
Белгиската и француската полиција започнаа голема потрага по двајцата осомничени во Брисел, откако еден од нив повреди тројца полицајци во престрелка за време на антитерористичка операција поврзана со истрагата за минатогодишните терористички напади во Париз.
Полицијата ја опколила куќата во која се случила престрелката во јужниот дел на Брисел.
Француската полиција соопшти дека еден од главните осомничени за исламистичките напади во Париз минатиот ноември, Салах Абдеслам не бил мета на денешната полициска акција во Брисел.