Абделхамид Абу Зеид, еден од лидерите на организацијата Ал Каеда за Исламскиот Магреб (Акми) во Мали, е убиен заедно со други исламисти на северот од оваа африкансак заемја, додека тројца други џихадисти биле заробени од страна на француски војници, јави алжирската телевизија Енахар.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, веста за убиството на лидерот на Акми во Мали е објавена на интернет страницата на телевизијата под насловот „Смртта на емирот на Акми Абу Зеид“.
Според веб страницата, француските трупи уапсиле тројца терористи во близината на Тигхаргхар на северот од Мали и ги откриле телата на четириесет исламисти меѓу кои и тоа на Абу Зеид.
Веста за смртта на еден од главните водачи на исламистите во Мали, не е официјално потврдена од француски извори, иако таа е објавена на сите француски медиуми.
Абделхамид Абу Зеид е претставен како еден од лидерите на Акми во реонот на Сахара. Вистинско име на овој Алирец на возраст од околу четириест години е Мохамед Гадри. Тој првпат бил забележан во 2003 година, како помошник на Абдеразак Ел Пара, одговорен за грабнувањето на 32 европски туристи во текот на таа година на југот од Алжир.