Уапсено 15-годишно момче за нападот во Германија во кој загинаа три лица

Од:

Петнаесетгодишно момче е уапсено за нападот во кој загинаа три лица, а осум се тешко повредени, . Нападот се случи во германскиот град Солинген, вчера околу 21:45 часот.

„Германската полиција соопшти дека во врска со овој случај уапсила 15-годишник“, пренесе Би-би-си.

Началниците на полицијата изјавиле дека не можат ништо друго да соопштат во однос на истрагата додека таа е во тек. И покрај инсистирањето на новинарите, полицијата одбила да даде подетални информации за 15-годишниот осомничен и нагласила дека нема да ги објавува неговите фотографии.

Нападот се случи за време на прославата на 650-годишнината од основањето на градот.

Полицијата навела дека се уште е нејасен мотивот, но дека не може да се исклучи дека бил „терористички“.

Градоначалникот Тим ​​Курцбах вели дека оние кои присуствувале на настанот се во состојба на „шок, ужас и голема тага“.

Убиецот избодел неколку посетители на фестивалот и првично успеал да побегне.

„Тој бодеше луѓе по случаен избор пред бината“, изјави инспекторот Саша Креста од полицијата во Вупертал.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Русија за крвавиот напад на Суми: „Украина користи цивили како воен штит“

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Млад маж со чекан го нападнал соседот, во притвор е заедно со неговите помагачи

А1он

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ