Уапсени напаѓачите на конзулатот на САД

Од:

Четворица се упасени поради нападот на американскиот конзулат во Бенгази, во кој беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс, со уште тројца службеници на амбасадата.

Заменикот министер за внатрешни работи во источниот дел на Либија рече дека биле изведени два напади, еден на зградата на конзулатот и втор на безбедната куќа во која се повлекол персоналот. Тој кажа дека е можно, да се уфрлени поединци во либиските сили на безбедност кои ги информирале напаѓачите за локацијата на безбедната куќа.

Полицијата соопшти дека четворицата уапсени се лишени од слобода во своите домови и дека засега нема да соопштува за мотивите на нападот.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД