Властите во Таџикистан уапсиле членови на криминална група, која подготвувала терористички акции на денот пред одржувањето на претседателските избори во земјата, соопшти Државниот комитет за национална безбедност во Душанбе.
– За време на заедничката специјална операција со припадниците на Министерството за внатрешни работи се уапсени шест државјани на Таџикистан, меѓу кои и лидерот на криминалната група Аламурод Маханов, кој бил обучуван во пакистански кампови, потврди претставник на Комитетот.
Претседателските избори во Таџикистан се закажани да се одржат на 6 ноември.