Примирје по престрелката на киргистанско-таџикистанската граница во која се ранети 11 војници од Киргистан, а убиени двајца цивили од Таџикистан

Од:

Единаесет киргистански војници се ранети во престрелката на границата со Таџикистан, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Судирите на границата меѓу Киргистан и Таџикистан траеја неколку часа, а примирјето е постигнато по преговори меѓу претставниците на двете земји, синоќа околу полноќ по московско време.

Таџикистан денеска соопшти дека двајца нивни граѓани биле убиени, а 10 повредени за време на ноќните судири на спорната граница со Киргистан, каде што сега е воспоставен прекин на огнот.

Како резултат на последниот конфликт, „10 лица се повредени на таџикистанска страна, од кои шест војници, а четворица цивили“, се вели во соопштението на Комитетот за национална безбедност на Таџикистан.

Во соопштението се додава дека двајцата загинати се маж роден во 1986 година „убиен од минофрлачка граната испукана од киргистанските војници во неговиот двор“ и возач на Брза помош роден во 1964 година.

Претходно киргистанската гранична служба соопшти дека таџикистанската страна користела минофрлачи, а до конфликтот дошло откако жители на Таџикистан го блокирале патот меѓу провинцискиот центар Баткен и киргистанското село Исфан.

Граничарите од двете страни успеале да го одблокираат патот, но потоа дошло до размена на оган. Киргистанско-таџичката граница повремено станува конфликтна зона поради неразграничени делови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

ВИДЕО: Земјотресот од Таџикистан се почувствува и во Кина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силен земјотрес утрово го погоди Таџикистан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Претседателот на Таџикистан му одржа лекција на Путин: Престанете да не третирате како уште да сме дел од СССР

Катерина Ѓуровски