Уапсени двајца француски новинари поради уценување на кралот на Мароко

Од:

Двајца француски новинари беа уапсени во Париз, поради сомнение дека го уценувале кралот на Мароко, од кого барале од три милиони евра, за да не објават книга која содржи штетни информации за кралството и кралот, јавува дописникот на МИА од Париз.

Случајот почнал на 23 јули, кога новинарот Ерик Лорен ја контактирал мароканската монархија и на нејзиниот претставник му соопштил дека се подготвува да објави книга за Мароко.

Неколку дена подоцна во Париз се одржа состанок помеѓу новинарот и адвокатот на кралството, на кој Лорен предложил да не ја објавува книгата во замена за три милиони евра.

Но мароканската монархија поднесе пријава во Франција, по што беше отворена прелиминарната истрага од страна на Парискиот обвинител.

Притоа се одржани уште неколку други состаноци, но овој пат под надзор на инспекторите. Двајцата новинари денес се наоѓаат во рацете на полицијата, по една средба на која прифатиле пари. Нивните средби биле фотографирани и снимени.

Бранителот на Кралството Мароко, Ерик Дипон-Морети за радиото РТЛ рече дека тој е изненадена од методот што се користи.

– Сметам дека ова е прв пат, според моите сознанија, лице кое сака да биде новинар, кое се претставува себеси така, директно да врши рекетирање и уценување на шеф на држава, кој е на функцијата. Ова е невидено. Тоа е луда храброст! Исто така се прашуваме кои се мотивите. Дали е корупција? Или овој маж и оваа жена биле изманипулирани од страна на некоја група и тука се поставува и прашањето на тероризмот. Ова го велам многу сериозно, и истрагата ќе ги утврди мотивите.

Новинарите Ерик Лорен и Катрин Грасие веќе имаат напишано книга за кралот на Мароко, Мохамед Шестти во 2012 година, насловена како „Кралот предатор“ во која двајцата автори имаа обвинувачки ставови против кралот на Мароко.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано