Уапсени членови на Хезболах поради користење илегални пари за купување оружје за Сирија

Од:

Членови на либанската шиитска група Хезболах беа уапсени под обвинение дека користеле милиони долари од продажба на кокакин за да купуваат оружје за Сирија, соопшти Американската агенција за борба против трговијата со дрога.

Хезболах испрати свои борци да ги поддржат силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во Сирија. САД  ја сметаат Хезболах за терористичка организација.

Меѓу уапсените се лидерите на европскиот огранок на Хезболах. Меѓу нив е Мохамед Нуредин, кој според Агенцијата пере пари за Хезболах.

Засега не е соопштено колку лица се уапсени, ниту каде се извршени апсењата.

Седум земји, меѓу кои Франција, Германија, Италија и Белгија учествувале во истрагата, која почнала точно пред една година и се уште трае.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца