Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот на Г7.
Регионалната управа соопштија дека уапсените биле обвинети за фрлање разни проектили, криење на лицето или поседување предмети што може да се користат како оружје.
Полицијата испукала солзавец, употребила водени топови и предупредувачки куршуми кон група од околу 400 претежно мирни антикапиталистички демонстранти во градот Бајон.Според надлежните, нема пријавени повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите.
Светските лидери се собраа во Бијариц, каде синоќа започна самитот на Групата од седум индустриски најразвиени земји во светот. Самитот, на кој присуствуваат лидерите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада, ќе трае до понеделник.
Постои големо обезбедување околу самитот, а некои демонстранти од движењето „Жолти елеци“ бесни на францускиот претседател и на економската неправда, за денеска се закануваат со нови акции.