Уапсени 35 работници во Дизниленд

Од:

Најмалку 35 вработени во Дизниленд, од продавачи на билети, водичи и ноќени чувари, се уапсени поради сомнеж дека учествувале во сексуални престапи поврзани со деца. Најновите апсења се случија минатата недела, кога се приведени 13 осомничени.

Од полицијата предупредуваат дека осомничените педофили имале очигледна причина да работат во детски центар, поради што бараат сите 70.000 вработени да бидат ставени на детектор за лага.

Тие го истакнуваат случајот на Роберт Кингсолвер (50), кој работел како техничка поддршка, а е уапсен во февруари, под обвинение дека се обидел да се сретне со 14-годишно девојче.

Продавачот на билети Спенсер е фатен така што по пат на социјална мрежа договарал состанок со момче од 13 години, зад чиј профил се криел детектив. Спенсер му испраќал пораки со сексуална содржина.

Четириесетгодишниот Ален Трестер, исто така наседнал на лажен профил на детектив, мислејќи дека станува збор за малолетен тинејџер и тргнал да се сретне со него.

Од 2006 година, се уапсени 42 работници, додека 32 веќе се осудени, судскиот процес е во тек за осум лица , а двајца се уште чекаат да започне судската постапка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Старец се допирал по гениталиите и фотографирал девојче во автобус на ЈСП

Педофил нападнал три годишно дете во Дебар маало, успеал да го соблече пред мајката да повика полиција

А1он

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ