Холандската полиција уапси 30 активисти на Гринпис кои се обидувале да спречат руски танкер со нафта од Арктикот да вплови во ротердамското пристаниште.
Портпаролот на холандската полиција изјави дека полицијата го уапсила капетанот на бродот Реинбоу вориор на кој се наоѓаат активистите, и оти бродот е префрлен на друга локација.
Уште 30 активисти се уапсени поради користење гумени чамци за да спречат рускиот танкер да вплови.
Гринпис претходно соопшти дека испратиле два брода – Есперанца и Реинбоу вориор, плус гумени чамци, параглајдери и активисти на брегот за да го дочекаат танкерот изнајмен од Гаспром.
Танкерот пренесува прва испорака на нафта од нова платформа во Арктикот. Гринпис се противат на производство на нафта во Арктичкиот круг предупредувајќи на излевање нафта во недопреното и тешко пристапно подрачје и влошување на ефектот на глобално загревање предизвикано од користење фосилни горива