Уапсена италијанска наставничка која заведувала малолетници и со нив снимала порно видеа

Од:

Италијанската полиција уапси наставничка во основно училиште поради малолетничка порнографија и сексуална експлоатација на малолетници.

Наставничката од провинцијата Бари намамувала малолетници преку социјалните мрежи, каде што делувала под псевдонимот „тетка Мартина“.

Италијанската полицијата започна истрага по пријавите на родителите кои биле вознемирени од „необичното однесување на синовите“.

Утврдено е дека наставничката сексуално ги напаствувала малолетниците кои ги водела во локални мотели, со некои од нив снимала видео снимки со порнографска содржина или сексуалниот чин го пренесувала во живо, со учество на неколку малолетници.

Наставничката е во домашен притвор, а италијанската полиција истражува дали во ова учествувале и други лица, покрај досега идентификуваните.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски