Комисијата за промоција на доблести и сузбивање на гревови во Саудиска Арабија, уапси човек кој тврди дека на сон му се појавил пророкот Мухамед.
Причина за приведувањето е видео снимка која кружи на интернет, а во која поранешен директор на едно саудиско училиште зборува за средба со пророкот Мухамед во еден од хотелите во Медина.
Шефот на комисијата, шеик Абдул Атиф ал Шеик поради тоа наредил детална истрага, а имамот на најстарата џамија на светот Ал Кубе, Масуд ал Мохамади смета дека станува збор за предрасуда, која нема никаква врска со доктрината на исламот.
Според неговите зборови, вербата во такви митови укажува на недостаток на љубов кон пророкот.
Официјалните лица велат дека вистинското појавување на пророкот можеле да го видат само неговите современици. Истовремено оние кои имаат чест да го видат на сон, ќе бидат наградени со средба со пророкот на денот на воскреснувањето на мртвите.
-Необично е и поради тоа што осомничениот 20 години бил училишен работник – вели имамот.
Е. Г.