Уапсен поранешниот советник во Белата куќа Стив Бенон

Од:

Поранешниот советник во Белата куќа, Стив Бенон, беше уапсен денес под обвинение дека тој заедно со тројца други соработници измамиле донатори во шема за собирање на финансиски средства преку интернет за проектот за изградба на граничен ѕид на јужниот дел од САД.

Федералните обвинители тврдат дека Бенон и тројца други лица, „организирале шема за измама на стотици илјади донатори“ во врска со кампањата за мрежно финансирање преку интернет.

Според исказот на обвинителите, организаторите на кампањата собрале повеќе од 25 милиони долари за изградба на ѕидот на јужната граница на Соединетите држави со Мексико.

Медиумите во САД пренесоа дека не можат да го добијат адвокатот на Бенон ниту неговата портпаролка за да се произјаснат во врска со обвиненијата.

Сите обвиненија се содржани во тужбата која е поднесена во федералниот суд во Менхетн.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД