Поранешниот претседател на Малдиви Мохамед Нашид е уапсен денеска поради игнорирање на поканата да се појави пред суд и забраната за патување, што може да доведе до нови протести на неговите приврзаници во оваа позната туристичка локација во Индискиот Океан.
Првиот демократски избран претседател на Малдиви, кој е обвинет за злоупотреба на власта, не се појави на судењето пред една недела. Тој беше разрешен од функцијата шеф на државата во февруари оваа година.
– Претседателот Нашид е уапсен, потврди портпаролот на неговата партија Малдивски демократски сили Хамид Абдул Гафур на Твитер.
Апсењето следеше, откако судот во неделата и наложи на полиција да го уапси Нашид, кој по втор пат не се појави пред тричлениот судски совет, кој ја води судската постапка против него за злоупотреба на власта.