Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

Од:

Во Франција е уапсено лице во рамки на истрагата за подметнувањето пожар што вчера предизвика смрт на седум членови на едно семејство, меѓу кои три деца и еден тинејџер, во станбена зграда во Ница, се вели во соопштението на надлежниот обвинител.

Обвинителот Демиен Мартинели, сепак, одби да даде дополнителни детали за идентитетот на уапсениот, посочувајќи на „потребата да се почитува тајноста на истрагата, да се гарантира ефикасност, особено во оваа фаза од истрагата“.

Како што пренесува БФМТВ, уапсениот, сепак, не бил еден од тројцата осомничени со качулки кои вчера биле снимени од камерите за видео надзор на местото на трагедијата.

Трагедија се случи ноќта меѓу средата и четвртокот, кога пожар уништи стан на 7-ми и последниот кат од зграда во популарната област Мулен во Ница, при што загинаа седум лица од исто семејство.

Според првичните информации, пожарот што го предизвикал масакрот бил подметнат, а на снимките од видео надзорот се гледа како „тројца млади момчиња со непокриени лица, облечени во маици и шорцеви, влегуваат во зградата додека се крши влезната врата, а потоа бегаат”.

Јавниот обвинител вчера побара „посебна претпазливост во однос на мотивот“ на кривичното дело, но потврди и дека ќе ја испита можноста „фактите да се случиле во контекст на расправија за трговија со дрога“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во најголемата фабрика за батерии во светот

Горан Наумовски

Се запали една просторија во Поликлиниката Чаир, нема повредени

Маж и жена починаа во пожар во Крива Паланка

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп: Пожарите во Калифорнија се разорни, мислам на луѓето, се молам за нив

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски