Уапсен маж кој се гледа на снимката од нападот во бриселското метро

Од:

Белгиската полиција го уапси мажот, кој се гледа на безбедносната снимка покрај Халид ел Бакрауи, осомничен за самоубиствениот напад во бриселското метро, пишува денеска весникот „Стандард“.

Канцеларијата на државниот обвинител се уште не ја потврдила оваа информација.

„Стандард“ тврди дека мажот е уапсен, откако еден полицаец го препознал од снимката.

Националната телевизија ВРТ објави претходно дека белгиската полиција уапсила шест лица во рамки на истрагата за бомбашките напади во Брисел, во кои загинаа најмалу 31 лице, а ранети беа 316.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски