Уапсен и вториот бостонски бомбаш

Од:

И вториот осомничен бостонски бомбаш е уапсен. Масовната операција на бостонската полиција за фаќање на 19-годишниот Џохар Царнаев, осомничен за организирање на терористичкиот напад за време на Бостонскиот маратон, успешно е завршена,  јавија  американските медиуми.

Царнаев беше откриен во чамец, во задниот двор на една куќа од предградиетo.

При приведувањето тој почна да пука по полицијата. Осомничениот Царнаев е хоспитализиран со две тешки повреди на вратот и ногата, а неговата состојба се оценува како критична.

За едно деноноќие тој два пати влезе во престрелка со полицијата. Првиот пат, во кампусот на унизверзитетот во Масачусетс, кога загина неговиот постар брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев, а вториот пат Царнаев отвори оган врз полицијата при обидот да биде приведен.

Браќата се  етнички Чеченци, кои во САД  добиле државјанства откако пред повеќе години се доселиле од руската кавкаска република Дагестан.

Претседателот Барак Обама  во кусото  обраќање кон нацијата,  соопшти дека „наредил да се употребат сите ресурси на федералните служби“ за да се заврши истрагата.

Се уште има многу прашања без одговор за експлозиите, вклучувајќи и тоа дали на двајцата мажи им помагале и други лица, рече Обама.

Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со Обама  изрази жалење за трагично загинатите за време на Бостонскиот маратон, при што двајцата претседатели се договорија заеднички да продолжат да дејствуваат на полето на борбата против тероризмот.

Жителите на Вотертаун останаа затворени во своите домови речиси цело деноноќие, а по соопштувањето за фаќањето на Царнаев излегоа по улиците за да го прослават апсењето испраќајќи ги со аплаузи колоните со воена техника, возила на брзата помош, полициските и пожарникарски возила, што го напуштаа градот.

Помалку од 24 часа откако првиот осомничен, 26-годишниот Тамерлан Царнаев беше убие во престрелка со полицијата во бостонското предградие Ватертаун близу кампусот на познатиот Масачусетски технолошки институт MIT, резултираше потрагата која тргна по вториот осомничен, неговиот брат 19-годишниот Џохар Царнаев.

По часови мачно искчекување и речиси целосна блокада на делови од Бостон, градоначалникот Томас Менино на својот профил на Twitter објави кусо „Го имаме“.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

(ВИДЕО) Украински ММА борец, победи Американец во Лас Вегас и скандираше: Русија, Русија

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Пукање за време на средношколски натпревар во САД, тројца повредени, двајца уапсени

Горан Наумовски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он