Турската полиција денеска во Измир уапси еден припадник на Курдската работничка партија (ПКК) под сомнение дека подготвувал напад, јави Си-Ен-Ен Турк.
По добиена разузнавачка информација дека член на ПКК пристигнал во Измир, полицијата извршила претрес во стан, при што бил приведен осомничениот.
Полицијата пронашла 10 килограми пластичен експлозив Ц4, детонатор, две автоматски пушки Калашников и осум рачни бомби.